Бил спремен на се да ја направи неговата ќерка принцеза и успеал!

Еден американец наводно „заземал“ кралство во Африка за да ја направи својата ќерка принцеза, пишува АП.

Џеремаја Хилтон изјавил дека неодамна пронашол малечка, планинаска област меѓу Египет и Судан со назив Бир Тавил, на која никој не полага право.

494057_tata-kraljevstvo02foto-ap_f

Тој тврди дека таму развеал знаме кое го дизајнирале неговите деца, а титулата крал ја земал за да може неговата седумгодишна ќерка Емили да биде принцеза. Областа ја нарекле Кралство Северен Судан.

Шила Карапико, професор по политички науки на Универзитетот во Ричмонд вели дека Хилтон нема да имаат никаква политчка контрола над земјата без формално признание од ОН и други организации.

Хилтон рекол дека се надева дека ќе успее да ги наговори Судан и Египет да го признаат кралството.

494056_tata-kraljevstvo01foto-ap_ff