Магазин

Била “дебела и осамена” се додека не направила листа на предизвици!

Била “дебела и осамена” се додека не направила листа на предизвици!

Дваесет и шестгодишната Лаура Ловсон од Порлтехен решила да го промени својот живот бидејќи се чувстувала „дебело и осамено “.

Многумина и ден денес говорат дека не сакаат во староста да жалат за се што не се обиделе да го направат, но Лаура одлучила и нешто да преземе за таа цел.

“Имав 23 години и животот ми поминуваше пред очите. Последните пет години ги поминав пиејќи секој викенд, се прејадував, а вечерите ги поминував во својата соба, играјќи игри. Се обидов да сфатам што ми се случи и за своите грешки го обвинував целиот свет”, изјавила Лаура.

“Работата ми беше ср***, животот ми беше ср***, бев дебела, тажна и осамена”, се присетила Лаура, додавајќи дека нејзината одлука била конечно да излезе од рутината.

Оттогаш, Лаура се омажила, купила куќа, се ослободила од вишокот на килограми и исполнила 120 од вкупно 330-те интересни животни предизвици кои што ги одредила самата за себе.

“Смислував изговори се додека не сфатив дека единствено јас можам да си го променам сопствениот живот”, изјавила таа, додавајќи дека листата ја започнала со ситни нешта, како што е бојадисувањето на косата и одгледување на зеленчук.

Сепак, наскоро на листата се ределе и далеку поголеми предизвици, како што е хранењето на носорози, пливањето со морски кучиња, возењето со хеликоптер, банџи-скокањето, посета на нудистичка плажа и скок со падобран.

Лаура изјавила дека денес е многу среќна. Таа се ослободила од 20 килограми вишок, повеќе не пие, се храни здраво, пронашла подобра работа, го запознала својот иден сопруг и има многу нови пријатели.

До крајот на годината оваа девојка планира да ги посети Мексико и Калифорнија, каде што ќе исполни уште неколку предизвици, како што е посетата на нудистичка плажа, возењето со подморница и јавањето.

l1

l2

l3

l4

l5

l6

l7

l8