Билал Касами од БЕСА под постојана присмотра на партиската полиција на Спасовски

Специјалната полициска единица Алфи го следат секој чекор на лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, кој исто така е кандидиран и за градоначалник на Тетово, тврдат од оваа партија.

„Алфите на Оливер Спасовски и ДУИ го следат секој чекор на Билал Касами… Ова е скандалозно, но немаме намера да се плашиме“, порачуваат од БЕСА

„Нека ја донесат и српската и руската полиција ако сакаат, не можат да не исплашат. Ние сме со Албанците, па ниту една провокација не може да не спречи да победиме, велат од Движењето БЕСА“, пренесува Gazeta lajm.