четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Билансот на жртви од земјотресот во Еквадор достигна над 400 лица

Ecuador Earthquake

Поврзани вести

Бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес што викендов го погоди Еквадор достигна 413 лица, а над 230 луѓе се водат како исчезнати, соопштија синоќа властите во Кито.

Спасувачките екипи извлекоа петмина преживеани од под урнатините во провинцијата Манаби, речиси два дена по земјотресот. Расчистувањето на урнатините продолжува. Во потресот се повредени повеќе од 2.000 лица.

Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа ги посети градовите Портовиехо и Манта, изразувајќи загриженост дека бројот на загинатите ќе се зголеми „и тоа значително“, а „обновувањето ќе изнесува милијарди долари и тоа тешко ќе се одрази врз економијата“.

Земјотрес со интензитет од 7,8 степени, според Рихтерова скала, го погоди Еквадор во ноќта меѓу саботата и неделата, разурнувајќи притоа домови и хотели долж тихоокеанскиот брег, кој е многу популарен меѓу туристите, а неколку градови се речиси целосно срамнети со земја.

Во најзагрозените провинции властите прогласија вонредна состојба. Меѓу градовите кои претрпеа најголемо разурнување е и Педерналес, чиј градоначалник Габриел Алсивар смета дека под урнатините се наоѓаат уште околу 400 загинати.

Најчитани вести