Спорт

Билбао остана непоразен на “Камп Ноу” и го освои вториот Супер Куп во клупската историја

Билбао остана непоразен на “Камп Ноу” и го освои вториот  Супер Куп во клупската историја
Фудбалерите на Атлетик Билбао заслужено се радуваа на вториот Супер Куп во клупската историја

Иако голем дел од фановите на Барселона очекуваа чудо од Меси и дружината, сепак Атлетик Билбао одигра сосема солиден натпревар и не само што го освоија Супер Купот, туку и останаа непоразени.

Натпреварот заврши 1:1, а стрелци на погодоците беа Лионел Меси и Ариц Адуриз. Вредно за одбележување е и тоа што главниот судија додели два црвени картони, на Жерар Пике и Клементе Сола.

Ова беше трет натпревар за Барселона за само пет дена, што е натчовечки напор дури и за професионалци како “каталонците”.

За Атлетик Билбао ова е втор трофеј во Супер купот во клупската историја.


All Goals HD | FC Barcelona 1-1 Athletic Bilbao… by zidanekrisz