„Билд“: Берлин подготвува планови за евентуален излез на Грција од еврозоната

Берлин подготвува планови за евентуален излез на Грција од еврозоната, тврди германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на анонимен владин извор, пренесува МИА.

Германските планови содржат опции, кои ги согледуваат последиците од можниот наплив на штедачи кои би ги повлекле своите пари од банките во случај Грција да ја напушти еврозоната.

Според весникот, Владата на канцеларката Ангела Меркел разработувала сценарија во случај на предвремените избори во Грција на 25 јануари да победи партијата СИРИЗА, која сака да ги прекине строгите мерки за штедење и да отпише дел од грчкиот долг.

Во текстот се додава дека владини експерти изразиле загриженост поради евентуален колапс на банки, доколку земјата ја напушти еврозоната.

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел претходно истакна дека Германија сака Грција да остане во еврозоната, дека Берлин нема планови за евентуален излез на Атина од еврозоната, која според него во последните години станала многу постабилна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.