Свет

„Билд“. Германија е соочена со конкретна терористичка закана

„Билд“. Германија е соочена со конкретна терористичка закана

Германија е соочена со конкретна терористичка закана, што може да се случи „во секое време“, објави „Билд“, повикувајќи се на доверлив извештај во Министерството за внатрешни работи.

– Германија е посочена и е реална цел на насилство мотивирано од џихадистите, што може да резултира со напади врз државни и цивилни институции, државни службеници или цивили во секое време, се посочува во извештајот, пренесува МИА.

Весникот не соопштува од кој датум е извештајот.

– Евентуални терористички напади во Германија може да бидат како оние во Париз, да траат неколку дена со користење огнено оружје, молотови коктели и друг вид експлозиви, се наведува во извештајот.