Балкан

„Билд“: Грците се побогати од Германците

„Билд“: Грците се побогати од Германците

Грците се побогати од Германците, бидејќи плаќаат помалку даноци, имаат повеќе имот и вршат даночни измами, пишува весникот „Билд“, пренесува грчкиот весник „Нафтемборики“.

Податоците се официјални, тврди германскиот весник. Просечното ниво на имотната состојба на Грците е двојно повисоко од она во Германија, но германската влада планира доделување нова финансиска помош од повеќе од милијарди евра за Грција, забележува „Билд“.

Загрозени од банкрот, Грците повторно имаат потреба од милијардите што треба ние да плаќаме, се вели уште во статијата на германскиот весник.

„Неверојатно е зошто Грците се двапати побогати од Германците, секое домаќинство поседува имот над 101.900 евра, според податоците на Европската централна банка за 2013 година, а едно германско домаќинство поседува имот од 52.000, како е возможно тоа?“, прашува авторот на статијата.

Весникот „Билд“ наведува дека знае зошто Грците се побогати и ги изложува причините за тоа, објаснувајќи дека тие имале помалку даноци, поседувале повеќе имот и вршеле даночни измами.