„Билд“ : Листата на реформи ќе и донесе на Атина приходи од 7,3 милијарди евра

Листата со реформи, кои новата грчка Влада треба да ги претстави до вечерва пред своите европски партнери, ќе и донесе на Атина приходи од 7,3 милијарди евра, проценува германскиот „Билд“, пренесува МИА.

Повикувајќи се на извори блиски до грчката Влада „Билд“ тврди дека реформите, кои Атина денеска треба да ги претстави, вклучуваат борба со шверцот на цигари и гориво, од што грчката држава се надева дека ќе собере 800 милиони, односно 1,5 милиони евра.

Грчката Влада планира исто така да собере 2,5 милијарди евра од воведување даноци на големите недвижни имоти и на олигарсите, како и уште 2,5 милијарди евра од собирање на неисплатени даночни долгови од физички и правни лица.

Според германскиот весник целта на Атина е да собере околу 7,3 милијарди евра.