„Билд“: Затворањето на балканската рута го намали мигрантскиот прилив во Германија

„Билд“: Затворањето на балканската рута го намали мигрантскиот прилив во Германија
„Билд“: Затворањето на балканската рута го намали мигрантскиот прилив во Германија

Од почетокт на април во Германија пристигнаа околу 2.600 мигранти, што значи дека дневно во просек во земјата влегувале по околу 190 баратели на азил, што е драстично помала бројка во однос на просечниот мигрантски прилив во текот на минатата година, објави МИА.

Според денешниот број на весникот „Билд“, ваквото драстично намалување на приливот на мигранти во Германија се должи на „затворањето на грчко-макеоднската граница за мигрантите, што практично ја парализира т.н, балканска рута“.

– Од почетокот на годината федралната полиција, која е распоредна на германските граници, региситрирала влез на 110.000 баратели на азил, наведува „Билд“, потсетувајќи дека лани во Гермнаија пристигнаа над еден милион мигранти.

Весникот „Рајнише пост“ пак јави дека Владата на југозападната германска покраина Сар изработила пилот-проект, со кој преку тестови за интелегенција ќе се открива „талентот“ на пристигнатите мигранти.

– Преку тестовите треба да се утврди која професија најмногу им одговара на мигантите и тие ќе бидат насочувани кон неа, со цел да се обезбеди нивна полесна интеграција во општетсвото, изјави за весникот министерот за внатрешни работи на Сар, Клаус Бујон.