Билески лустриран врз основа на факти, документите покажуваат како и кого кодошел

Oфицијалните документи од Комисијата за лустрација ги разоткриваат манипулативните намери на опозицијата, бидејќи Драги Билески чие име беше спомнато вчера на прес-конференцијата на СДСМ во Битола е лустриран врз основа на несоборливи аргументи кои јавно се објавени, пишува Курир.

Комисијата за верификација на фактите во ноември 2012 година утврди дека поранешниот судија во Основниот суд во Кичево, Драги Билески бил соработник на тајните служби.  Билески бил користен од службите како оперативна врска за следење на активностите и коментарите на одредени лица кои биле цел на службите.

-Во два наврати се состанав со Драги Билески и во разговорите обавени со него истиот изрази желба за соработка со СДБ. Наравно ги прифатив и со резерва ги примив податоците што ги пружеше. Покрај другото ми рече дека знае за групата ученици кои што ОВР ги гонеа за непријателска дејност. Од таа група изворот рече дека најинтересен е дури и за политика занесен Живко Т. За него рече дека е склон, и го прави тоа, да критикува разни работи од општеството и да биде незадоволен, се вели во белешките.

Во решението на комисијата за лустрација стои дека давал одредени информации за поодделни лица пред инспекторите на Управата на Службата за државна безбедност. Управата го користела за следење на активностите и коментарите на лица кои биле интересни за неа.

-Од увидот во документите од досиеата бр 3698, 2268, 14840 и дугите документи се утврди дека тие укажуваат на сработка на лицето Драги Билески со органите на ржавната безбедност при оперативно прибирање на информации што биле предмет на обработка. Истиот на службата им давал информации и им укажувал одредени созннаија за одредени лица кои биле интересни за службата, беше објавено во решението.

Во истото стои дека сите документи за Комисијата за верификација на фактите се релевантни и од нив неспорно се утврдило дека за лицето Драги Билески постојат документи во досиејата на органите на државната безбедност, дека тој, како таен соработник информатор-оперативна врска, организирано и континуирано преземал активности и соработувал со органите на државната безбедност.

-Изворот претежно даваше податоци за лица од албанска народност. Правам покушаи тој да биде користен за добивање податоци од лица Македонци. Во познанство е со членовите на реализираната група „Младинци“ и има можност со нив уште повеќе да се зближи. Билески Драги со наше знаење ќе се зближува со сите членови на „Младинци“ со кои се знае, а особено со Живко, се вели во едно од досиејата.

Од сето ова произлегува дека Билески бил прогласен за соработник на тајните служби врз основа на документи и факти, а не по нечија нарачка, како што денеска се обиде СДСМ тоа да го претстави во јавноста.