Македонија

Електронски билети во ЈСП од август, цената останува иста

Електронски билети во ЈСП од август, цената останува иста
Електронки билети во ЈСП од август, цената останува иста

Новиот систем за електронска наплата и автоматска локација на автобусите пробно ќе почне да фукционира од август.

Граѓаните што се возат со јавниот превоз ќе си купуваат електронски припејд-картички, кои ќе ги дополнуваат со толку пари колку што сакаат, а при влегувањето во автобус ќе ја приближат картичката до читач, кој од неа ќе им одземе сума колку што чини возењето. Дополнително, патниците ќе можат и со мобилен телефон да ги наплаќаат услугите на ЈСП. Но, до крајот на годината сепак ќе се користат и старите хартиени билети.

Зголемувње на цената на автобуските билети нема да има, барем до крајот на годинава, најави директорот на сообраќајното претпријатие, Игор Јанушев.

Новината што ќе следува на почетокот на следната година е воведување на единствен тарифен систем за сите превозници, односно со една картичка граѓаните ќе можат да се возат и во приватните автобуси, но и во автобусите на јавното сообраќајно претпријатие.

Со автоматската локација, патниците на автобуските стојалишта на електронски табли ќе добиваат информации за колку време ќе стаса автобусот што го чекаат. Возилата ќе бидат следени преку сателит и информациите ќе се проследуваат во реално време.

Наскоро ќе се постават и нови 50 информативни дисплеи на автобуските постојки, преку кои патниците ќе добиваат информации за пристигнувањето на автобусите. Во сите автобуси ќе бидат поставени ГПС-уреди за сателитско следење на возилата, а ќе се опремува и диспечерски центар за нивно следење.
Со системот за електронска наплата, односно со воведувањето таканаречени „паметни“ билети, ќе се избегнат билетите од хартија и ќе се скрати времето на влегување на патниците во возилата.

При пејд картичките ќе може да се надополнуваат на повеќе продажни места, а ќе се постават и три самстојни автомати за таа цел. Надополнувањето ќе може да се врши и преку веб-апликација.

Во однос на картичките, ќе постојт два вида: Скопска и Моја Скопска која ќе биде со слика и ќе може да се добие на 8 локации во градот.  Оваа персонализирана картичка овозможува користење на месечни билети, контрола на трансакции преку веб-апликација, а доколку се изгуби или ошттеи постои можност да се префрлат средствата на нова картичка.

Promocija juli elektronska kartica (1)

Изработката на персонализирани картички ќе чини 200 денари, а  обичните 150 денари. Нивната важност ќе бде 10 години.

Изработката на картичките Моја скопска почнува од 1 август, а први кои ќе може да ја извадат се пензионерите, учениците и студентите.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, најави дека месецов ќе биде објавен оглас за доделување автобуски линии за приватните превозници, на кои, со имплементирањето на новиот систем, Градот ќе им плаќа по минат километар. На тој начин, за нив нема да биде толку битен бројот на патници, а ќе се воспостави и ред, бидејќи нема меѓусебе да се „тркаат“ по автобуските постојки за да соберат патник плус, што е реална слика во Скопје години наназад.

Promocija juli elektronska kartica (5)

За воведување на електронска наплта на билети и автоматска локација на автобусите,  Јавното сообраќајно претпријатие на компанијата „Т-мобиле“  ќе и’ плати три милиони евра. Според дооворот, Т-мобиле“ има рок од 10 месеци за да ги воспостави системите. Ќе бидат набавени 200.000 електронски картички, како и 50 уреди кои ќе ги користат контролорите.