Билети во автобусите ќе се плаќаат со електронски картички, но и со мобилен

За девет месеци, скопјани ќе добијат модернизиран јавен превоз со нов систем на електронска наплта  и автоматска локација на автобусите, што во пракса би требало да го зголеми прометот, да го намали времето на чекање на корисниците, како и да понуди единствен билет кој ќе може да се користи како во јавните, така и во приватните автобуси.
Проектот чини три милиони евра, а ќе го имплементира компанијата „Т-мобиле“, која најави дека системот пред се’ ќе биде од голема корист за граѓаните, бидејќи  со него ќе бидат врзани и други сервиси, како на пример плаќање паркинг, паќање билети за Зоолошка, Жичницата… Покрај тоа што ќе бидат изработени посебни електронски картици со кои ќе се наплатува услугата, возен билет во автобусите ќе може да се плати и со мобилен телефон.

Со системот за електронска наплата, односно со воведувањето таканаречени „паметни“ билети, ќе се избегнат билетите од хартија и ќе се скрати времето на влегување на патниците во возилата. Граѓаните што се возат со јавниот превоз ќе си купуваат електронски припејд-картички, кои ќе ги дополнуваат со толку пари колку што сакаат, а при влегувањето во автобус ќе ја приближат картичката до читач, кој од неа ќе им одземе сума колку што чини возењето.

Со автоматската локација, патниците на автобуските стојалишта на електронски табли ќе добиваат информации за колку време ќе стаса автобусот што го чекаат. Возилата ќе бидат следени преку сателит и информациите ќе се проследуваат во реално време.  Т-мобиле  ќе има задача и да постави 40 информативни дисплеи на автобуските постојки, преку кои патниците ќе добиваат информации за пристигнувањето на автобусите. Во сите автобуси ќе треба да постави ГПС-уреди за сателитско следење на возилата и да опреми диспечерски центар за нивно следење, кој ќе биде сместен во рамките на Студентскиот дом „Kузман Јосифовски-Питу“. Првично ќе се постават500 валидатори за електронски билети. Од нив околу 300 ќе бидат ставени во автобусите на ЈСП, а 200 во приватните автобуси.

Проектот целосно е финансиран од Градот Скопје, а новина е тоа што парите од наплатата преку овој сиситем сега ќе одат во градската каса, а Градот ќе им плаќа на ЈСП и на двете здруженија на приватни превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ според изминат километар.

„Во моментот сиситемот за наплата на ЈСП е пред колапс. Речиси секој ден имаме минимум по 20 расипани наплатни пунктови. Дел од проектот за набавка на сиситем за автоматска локација на возила и за електронска наплата на билети, го решава овој голем проект. Модерен сиистем на наплата кој ќе овозможи во секое време да се знае бројот на патниците. Системот гарантирано ќе го покачи и  прометот во автобусите барем 10 отсто. Во моментот немаме никакви информации дали автобусите се на терен, дали се точно на време на автобусите станици и дали се редовни. Нашите извештаи за ова се базираат на претпоставки, или пак на контролори кои рачно запишуваат дали автобусот поминал на линијата, на автобуската станица. Со автоматската локација на големи екрени ќе се следат сите автобуски, и тоа  дали се на линија и дали се точно на време “, вели директорот на ЈСП, Мишо Николов.

Градоначалникот Коце Трајаносвки очекува многу придобивки од интегрирање на овој систем, како воспоставување ред и навремено доаѓање на автобусите преку контрола со автоматска локација на возилата, и поголем поттик за граѓаните да користат јавен превоз.