Билетите во театар „Комедија“ остануваат по 100 денари

Акцијата „Грст насмевки=100 денари“ на театар „Комедија“ ќе продолжи до крајот на сезоната поради големиот интерес од страна на публиката во текот на месец март.

-Акцијата што ја воведовме во март се покажа  повеќе од успешна. Гледалиштето со капацитет од 330 седишта беше целосно исполнето на сите 17 претстави кои беа на репертоарот во март. Тоа значи дека минатиот месец театарот „Комедија“ го посетиле 5.500 луѓе. Следејќи ги желбите на публиката, одлучивме попустот да продолжи до крајот на театарската сезона, соопштуваат од „Комедија“.