вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Билетите за Македонија-Чешка во продажба за 100 и 200 денари

rakometari-1-640x294

Последни вести

Ракометната федерација на Македонија денес точно на пладне почнува со продажбата на влезниците за бараж-натпреварот за Светското првенство 2017 што македонската репрезентација ќе го игра против Чешка.

Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 15 јуни 2016 со почеток од 20 часот.

Влезниците ќе може да се набават во сите продажни места на МК Тикетс по цена од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Овој дуел ќе претставува реванш од бараж-двомечот откако првата средба ќе се одигра во Злин на 11 јуни, а победникот ќе обезбеди учество на Светското првенство во Франција 2017 година.

Најчитани вести