Спорт

Билетите за натпреварот Македонија-Швајцарија од утре во продажба

Билетите за  натпреварот Македонија-Швајцарија од утре во продажба

Ракометната Федерација на Македонија утре (петок, 24 октомври) почнува со продажбата на билетите за првиот квалификациски натпревар за ЕП 2016 во Полска, на кој нашите ракометари за противник ќе ја имаат селекцијата на Швајцарија.

РФМ информираше дека билетите ќе бидат достапни за купување во продажната мрежа на МКтикетс, и тоа почнувајќи од 12 часот в петок, а цената ќе изнесува 100 и 200 денари, во зависност од трибината.

Натпреварот се игра на 29 октомври во 17,45 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

По оваа средба, македонските репрезентативци на 2 ноември го играат и вториот меч од овој квалификациски циклус, на гостински терен против Чешка, што што на пролет следи и двомечот со актуелниот европски првак Франција.