Бироф на чело на 400.000 Германци што се потпишале на петицијата против ПЕГИДА

Петицијата против ПЕГИДА, која, меѓу другите, ја потпиша и германскиот фудбалски ас Оливер Бироф, досега ја потпишале речиси половина милион Германци, јави дописникот на МИА од Берлин.

Потписниците на петицијата се против антиисламистичкото движење ПЕГИДА, чии членови се борат против „исламизација на западот“.

Поранешниот фудбалер на Милан, кој во 1996 година беше стрелец на првиот златен гол во финалето на европскиот шампионат, се смета за еден од највлијателните 80 јавни личности што на почетокот на месецов ја потпишаа петицијата објавена од весникот „Билд“ против ксенофобичното движење ПЕГИДА, кое организира масовни антиисламски протести ширум Германија.