Бисер стар 2.000 години пронајден во Австралија

Навистина редок природен бисер, стар 2.000 години е откриен за време на археолошко ископување на западот на Австралија, соопштија научниците од Универзитетот Вологонг.

-Природните бисери се навистина ретки и досега никогаш не сме пронашле ваков примерок во Австралија, изјавила архологот Кејт Сабо.

Бисерот е речиси совршен со кружен облик со розов сјај и пречник од околу пет милиметри. Староста е одредена со помош на рендген и споредба со постоечките бисери. Бисерот се наоѓал во јама со отпад.

Бисерите никогаш не заземале истакнато место во културата на австралиските домородци, туку понекогаш се користеле за некои ритуали како што се повикување дожд во сушни периоди. Овој бисер ќе биде изложен во музеј во Перт.