Бисквит од Титаник продаден за над 20.000 евра

Кекс кој е пронајден во еден пакет за преживување на Титаник е продаден на аукција за 20.800 евра.

Бисквитот кој означен како највреден кекс на светот го купил колекционер од Грција. Претходно со години го чувал неговиот пронаоѓач, Џејмс Фенвик, патник на бродот Карпати кој му излегол во пресрет на Титаник.

Фотографијата од кобниот леден брег во кој удрил Титаник е продадена на истата аукција за 29.000 евра. Ја направил член на екипажот на вториот брод кој еден ден подоцна поминал крај сантата мраз, несвесен дека на тоа место се случила трагедија во која починале повеќе од 1.500 лица.

Со фотографијата е приложена и досега невидена изјава на член на екипажот, кој рекол дека на брегот видел остатоци од црвена фарба.

На споменатиот настан продадена е и шолја која преживеаната патничка Моли Браун му ја подарила на капетанот на Карпати. Таа достигнала цена од 180 илјади евра, што ја чини трет највреден предмет од Титаник кој е продаден досега.