понеделник, 24 април 2017  |  Вести денес: 1

Бишоп: Австралија ја поддржува миграциската политика на Трамп

Бишоп, која е на работна посета во Лос Анџелес, изјави дека имала два телефонски разговори со потпретседателот на САД Мајк Пенс, со кого разговарала за билатералната соработка.

dzuli-bisop-640x397

Последни вести

Австралија ја поддржува миграциската политика на претседателот на САД Доналд Трамп, изјави синоќа австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп, коментирајќи ја одлуката на Трамп привремено да се забрани влезот во САД на државјаните од седум муслимански земји, јави ТАСС.

Бишоп, која е на работна посета во Лос Анџелес, изјави дека имала два телефонски разговори со потпретседателот на САД Мајк Пенс, со кого разговарала за билатералната соработка.

– Уверена сум, дека Владите на двете земји ќе продолжат да си укажуваат взаемна поддршка во извршувањето на строгата миграциска политика и заштита на границите, истакна таа.

Бишоп додаде дека Владата на Австралија активно соработува со Вашингтон, со цел да можат Австралијанците да ја задржат можноста за посета на САД, а Американците на Австралија.

Најчитани вести