Биткоинот паѓа кон 18.000 долари по предупредувањето на светските регулатори

Најпопуларната во светот криптовалута – биткоинот во вторникот вечерта забележа пад на вредноста изразена во американски долари, и со неа се тргуваше за 18.200 долари за што придонесе предупредувањето на сингапурскиот регулатор на девизните пазари околу инвестициите во криптовалути.

Според податоците на порталот CoinMarketCap, според состојбата од 21.51 часот по македонско време, биткоинот паднал за 3,35 отсто, до 18.164 долари. На берзата Bitfinex, пак, криптовалутата ослабила за 6,42 отсто, на 17.700 долар, а на пазарот GDAX загубила 5,43 проценти на 18.000 долари. Според порталот Coindesk, биткоинот поевтинил за 5,91 отсто, на 17.840 доларо.

Претходно во вторникот монетарно-кредитната управа на Сингапур (Monetary Authority of Singapore, MAS), издаде предупредување за ризиците поврзани со инвестициите во почетните понуди на новите дигитални валути (ICO). Од MAC потсетуваат дека криптовалутите не се законско платежно средство, не се емитуваат од ниедна влада и не се поддржани од никакви активи. Неодамнешниот енормен раст на криптовалутите сингапурскиот регулатор го поврзува со шпекулативни активности.

Претходно слична изјава даде и претседателот на американскиот регулатор за пазарите на хартии од вредност, Џеј Клејнот. А на 13ти декември Јужна Кореја им забрани на финансиските институции тргување со виртуелните валути како што е биткоинот, чијашто вредност во последниот период ја катапултираше бранот шпекулативни купувања на малите вложувачи, меѓу кои многумина се токму од оваа азиска земја.

Капитализацијата на пазарот, според CoinMarketCap, во овој момент изнесува 589.472 милијарди американски долари. Притоа уделот на биткоинот во истиот момент изнесува околу 48,3 отсто од вкупниот пазар на криптовалути, кај Ethereum — 12,65 отсто, а кај Bitcoin Cash — 6,54 проценти.

Криптовалутата Ethereum поевтинила за 10,08 отсто, на 84,18 долари, а Bitcoin Cash за 17,97 отсто, на 2.580 долари, Ripple ја зголемила цената за 6,74 отсто до 81,1 центи, покажуваат податоците на CoinMarketCap.

Сервисот CoinMarketCap овозможува да се следи просечната цена и капитализацијата на секоја од постојните круптовалути во реално време. При пресметката на просечната пазарна цена на биткоинот во долари, агрегаторот ги пресметува податоците од повеќе од 20 берзи. Порталот Coindesk, пак, е медиумски ресурс специјализиран за криптовалути. Тој ја пресметува просечната цена на биткоинот во неговата доларска противвредност според податоците од четирите најголеми светски криптоберзи: Bitfinex, Bitstamp, Coinbase и itBit.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.