Биткоинот поевтинува поради плановите за промена на протоколот

Курсот на биткоинот продолжува да опаѓа, благодарејќи на плановите за промена на протоколот (хардфорк), покажуваат податоците од берзанските платформи во понеделникот.

Во претпладневното тргување на берзата Bitfinex, биткоинот загуби на вредноста 0,07 отсто, на 13.530 американски долари, на пазарот GDAX, пак, падна за 0,7 отсто, на 14.150 долари.

Според информациите од порталот CoinMarketCap, вредноста на криптовалутата паднала за 1,73 отсто, на 13.990 долари, додека според податоците од порталот Coindesk, загубата на биткоинот изнесувала 0,35 отсто, на 13.930 долари.

Претходната седмица цената на биткоинот започна вртоглаво да паѓа откако претходно го достигна рекордното ниво од 20.000 долари.

Учесниците на пазарот на криптовалути очекуваат спроведување на ткн хардфорк на биткоинот, познат и како Segwit2x. Првично оваа операција беше планирана за почетокот на ноември, но подоцна беше одложена и новото ажурирање на кодот е закажано за 28-ми декември.

Segwit2x претпоставува зголемување на размерите на блокот до четири Мб, зголемување на производство на блокот до две и пол минути, заштита од повторни трансакции, како и поддршка на ткн смарт-договори.

Експертите сметаат дека остриот пораст на цената на биткоинот во средината на декември ја разниша довербата на трговците, коишто започнаа сериозно да ја разгледуваат теоријата за ткн „критовалутниот меур“. Падот на вредноста што следеше, стручањаците го објаснија со факторите коишто владеат на пазарите.

Според аналитичарката Сара Силверстејн, падот на вредноста на биткоинот може да се должи на тоа што алтернативната криптовалута – Bitcoin Cash, „беше незначиелно легализирана“ во периодот кога беше додадена на медијаресурсот Coinbase, специјализиран за криптовалути.

Покрај тоа, минатата седмица коосновачот на Bitcoin.com, Емил Олденбург, изјави дека биткоинот нема перспектива како валута за тргување, и ги продаде сите свои биткоини, решавајќи се за другата криптовалута Bitcoin Cash.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.