Биткоинот урна уште еден рекорд од 18.000 долари

Курсот на биткоинот ноќта кон петокот повторно постави нов рекорд, откако пораснал за повеќе од 23 отсто, надминувајќи ја границата од 18.000 американски долари, покажуваат податоците од берзите.

Подоцна во текот на денот вредноста на криптовалутата падна на околу 16.000 долари. На почетокот од седмицата со биткоинот се тргуваше за 11.200 долари. Во четвртокот курсот на биткоинот во серија ги надмина лимитите од 14, 15 и 16 илјади долари, покажуваат податоците на берзата за трговија со криптовалути Coinmarketcap.

Од почетокот на минатата седмица биткоинот го започна континуираниот раст, неколкупати надминувајќи ги своите рекорди. Според аналитичарите, ваквиот тренд на рапидниот раст е поврзан со скорешното почнување на тргувањето со фјучерси на биткоинот на низа американски и јапонски трговски платформи.

Според техничкиот аналитичар на интернет ресурсот Brave New Coin, Џош Олшевил, растот на вредноста на биткоинот ќе продолжи и кон крајот на годината дури може да достигне вредност од 30.000 американски долари.

Некои земји веќе ги отворија своите пазари за крипто-валутите, но некои се сѐ уште многу претпазливи по ова прашање. Некои централни банки сметаат дека е избрзана дозволата за тргување со виртуелните валути и во нив гледаат можност за ткн финансиски пирамиди и се против нивното изедначување си странските валути.

Биткоинот е децентрализиран систем на истоимената крито-валута врз основа на технологијата на блокирање, којашто може да ја „копа“ (емитува)секој корисник. Концептот беше објавен во 2008 година а за нејзин творец, а можно е да станува збор и за повеќе лица, се појави под псевдонимот Сатоши Накамото, но својата популарност виртуелната валута ја достигна последниве години.

На почетокот од август 2017 година, криптвалутата се раздели на класичен биткоин и Bitcoin.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.