Битолската болница ќе се опремува со нови одделенија

Битолската болница ќе се опремува со нови одделенија

Зајакнување на капацитетот на битолската клиничка болница и нејзино доопремување заради прераснување во регионален центар.

Со новите мерки со кои е предвидено прераснување на битолската Клиничка болница во регионален медицински центар предвидено е и зајакнување на нејзините капацитети за повеќе специјалности и тоа гастроентерохепатологија, ревматологија, офталмологија и пулмологија, како и доопремување. Целта е пациентите да не мора веќе да патуваат во Скопје, туку тука да ги добиваат потребните медицински услуги.

Со новите мерки ќе се овозможи пружање на целосни дијагностички и  тераписки услуги, како и кадровско дооекипирање.

Со сето ова ќе се подигне и нивото на квалитет на здравствените услуги во областите кои се опфатени со новите мерки на Министерството за здравство.