Битола доби нови тениски игралишта

Битола доби нови тениски игралишта
Битола доби нови тениски игралишта

Премиерот Никола Груевски во придружба на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и битолскиот градоначалник Владимир Талески попладнево пушти во употреба две тениски игралишта во Спортско-рекреативниот центар „Шеталиште“ во Битола.

Ставаме уште една коцка во спортската надградба на Битола и битолско. Во низата спортски инвестиции, со задоволство ги вбројуваме и пуштаме во употреба и новите тениски игралишта во Спортско-рекреативниот центар „Шеталиште“. Тениските терени имаат најсовремена подлога, целосна инфраструктура и осветлување за да можат да се користат и во вечерните часови. Кога ги гледаме нашите спортисти, спортски клубови или македонската репрезентација во било кој спорт и посакуваме да остварат добар резултат, истакна Груевски.

tenisko1

Мораме да сфатиме, посочи премиерот, дека таквите очекувања се реални само кога континуирано се вложува во спортот, кога младите имаат место каде да се заљубат во спортот и место каде да се изградат како спортисти.

tensiko

Ниту еден успех не доаѓа сам по себе, без напорна работа, многу труд и потребна инфраструктура. Токму затоа, во делот на спортот ние си поставивме за задача да го изградиме сето она што недостасувало, сето она што не било направено во минатото и напорно работиме за заокружување на оваа наша цел, рече Груевски.

tenisko2

На свеченоста во Битола, премиерот Груевски најави изградба на четири дополнителни тениски терени, едно повеќенаменско спортско игралиште и еден скејт парк.