Битола ја стресе земјотрес со епицентар во Грција

Земјотресот со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 10 икилометри со епицентар во Грција, попладнево се почувствува и во Битола.

Земјотресот се случи во околу 14.30 часот и ги вознемири граѓаните на Битола и околината.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа 32 километри јужно од Битола и 140 километри од Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.