Битола ќе добие современ мултифункционален спортски комплекс

Како победник на предвремените парламентарни избори и предводник на новата влада на коалицијата за подобра Македонија веднаш ќе започне со реализација на проектите предвидени со програмата Реално, која доби поддршка од 450 илјади граѓани на Република Македонија, изјави Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ. 

-Еден од капиталните проекти за Битола од кои бенефит ќе имаат сите граѓани без разлика на етничката или верската припадност е големиот мултинаменски спортски комплекс кој ќе биде изграден во најголемото битолско градилиште во населбата златен рид, кај поранешната битолска касарна. Општина Битола веќе ги започна процедурите за добивање на  проектна документација и други подготвителни активности за почеток на изградбата на овој комплекс веќе следната година, вели Илиоски.

Тој истакна дека овој мултифункционален спортски центар е вреден 13 милиони евра и ќе се состои од три објекти: Голема спортска сала со капацитет од 6.000 седишта, мала пошна сала од 500 седишта, затворен пливачки базен со две корита како и голем базен со стандарди за сите меѓунардони спортски натпревари со 500 седишта и мал помошен базен за обука на непливачи.

-Третиот објект ќе биде на две нивоа со гимнастичка сала со трибина од 300 седишта и уште една сала за боречки спортови на вториот кат, а двете ќе бидат опремени со соодветни услови за меѓународни натпревари. Овој спортски комплекс предвидува и посебен паркинг простор со капацитет од 1250 паркинг места и десет места за автобуси. Со овој комплекс Битола ќе го докаже својот епитет на спортски град достоен да биде домаќин на големи натпревари и турнири од меѓународен карактер, потенцираше Илиоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.