Битола ќе добие Факултет за информатички технологии

Во рамките на Универзитетот во Битола наскоро се очекува да биде отворен Факултетот за информатички технологии, кој според премиерот Никола Груевски, треба да призведе нови кадри кои можат полесно да најдат работа.

Овој Факултет ќе биде пандан на скопскиот факултет за Информатички технологии.

„Во завршна фаза сме за отворање на новиот факултет при овој Универзитет, факултетот за Информатички технологии за кој што веќе се формираше комисија која треба да ја состави наставната програма и кој што ќе биде сериозен пандан на скопскиот факултет за Информатички технологии. Цел е да се произведат нови кадри кои што полесно ќе можат да најдат работа или да се самовработат“, изјави Груевски.