вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

Битола: Почнува 35. издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“

Од денеска до 30 мај во Битола престојуваат ученици и нивните ликовни педагози од Словачка, Кина, Русија, Турција, Украина, Србија, Бугарија, Малезија, Романија, Полска, Индија, Египет, Тајланд и од Македонија.

Битола: Почнува 35. издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“

Битола: Почнува 35. издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“

Поврзани вести

Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ од Битола ги пречека годинешните учесници на 35. издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ која вечер во Старата битолска чаршија ќе биде отворена со изложба и огномет.

Од денеска до 30 мај во Битола престојуваат ученици и нивните ликовни педагози од Словачка, Кина, Русија, Турција, Украина, Србија, Бугарија, Малезија, Романија, Полска, Индија, Египет, Тајланд  и од Македонија.

– Во Битола освен светска изложба ќе има и хепенинг, а децата од светот ќе ги посетат и Охрид и Крушево. Вечерашното свечено отворање ќе биде во знакот на учениците од Спишска Бела, Словачка, кои се годинешни добитници на највиското одличје, наградата „Гран при“ истакна основачот на колонијата во овој град Коста Хаџиантоновски.

Според востановената традиција, на 29 мај децата од светот на плоштадот „Магнолија“ во Битола ќе цртаат на тема „Олимпијадата во очите на децата“, а најдобите ликовни творби ќе бидат претставени во олимпиското село на претстојните летни олимписки игри во Рио де Жанеиро. Изборот на најдобрите творби ќе го направи тим на Маѓународниот олимписки комитет-МОК од Лозана што во јуни ќе престојуваат во Битола, потврди Хаџиантоновски.

Меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ годинава се реализира со поддршка на повеќе приватни компании од Битола и со финансиска поддршка на Министерството за култура и Министерството за образование.

Најчитани вести