четврток, 17 август 2017  |  Вести денес: 47

Битола, Прилеп и Дојран ѝ порачаа на Владата дека немаат капацитети за населби за мигранти и бегалците

Борче Стамов, градоначалникот на Дојран на својот фејсбук профил објави слика од поранешното одмаралиште, близу Николиќ, дојранско, кое според акцискиот план на Владата на Заев треба да стане прифатен камп за мигранти

imigranti

Поврзани вести

Битола, Прилеп и Дојран порачаа до премиерот Зоран Заев и Владата дека нивните општини немаат капацитети за населби за мигранти и бегалците, и побараа проекти за локалното население, за зголемување на животниот стандард и подобрување на условите за живот на населението.

Во саботата Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп излезе со изјава во врска со планот на СДСМ за населување на мигрантите во Македонија, при што ги запрашаа уште еднаш владејачкиот СДСМ дали е вистина дека во Прилеп треба да се градат 14 згради за сместување на мигранти.

„Силно да ви нагласиме дека граѓаните на Македонија треба да се нашиот приоритет во вработувањето, социјалната заштита, домувањето, и во сите сегменти од животот. Ве прашуваме дали навистина во Прилеп треба да се градат 14 згради во кои ќе се сместат мигранти и бегалци од Сирија, Авганистан, Судан и Сомалија?“, рекоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

https://www.youtube.com/watch?v=OJdydOMl4us

Тие бараат Владата на СДСМ да ја повлечи оваа несериозна стратегија која економски ќе ја крахирање на македонскиот систем и да ги пренамени средствата во Прилеп за граѓаните на Прилеп. Во соопштенеито се додава и дека во прв ред траба „Да им помогне на младите брачни двојки, социјално загрозените семејствата, без решено станбено прашање. Се надеваме дека со пренамена на сретствата ќе обезбедите повече места за дечињата за сместување во децките градинки ќе обезбедите повеќе работни места за граѓаните во Прилеп бидејќи сериозна држава треба да ги решава проблемите на граѓаните. Тоа треба да биде нивниот приоритет“.

„Владата на СДС по само кратко време на власт, наместо стратегии за вработување и програми за подобрување на животниот стандард на граѓаните, итност и првенство им дава на сите освен на граѓаните на Македонија, а тоа се покажува и со Стратегијата за мигранти, странци и бегалци ‎‎(2017-2027). Оваа стратегија предвидува згради, населби, социјални станови, градинки, вработувања и олеснети државјанства за мигрантите со трошоци од државниот буџет на Македонија“, изјавија, пак, од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

Тие, исто така, истакнуваат дека стратегијата и акциониот план на владата на Заев и СДСМ, предвидуваат 71 проект, кои ќе се реализираат низ цела Македонија. Според нив, за мигрантите се предвидува: олеснето државјанство, домување изградба на згради, станови, куќи и цели населби, најмалку почеток на изградба на 100 згради во 2017 год, со 100 отсто покривање од Буџетот на државата меѓу кои и изградба на згради и во Меџитлија, плус плаќање на кирии градинки, школарини, вработување, со кредити, заеми, фирми за бегалците.

Борче Стамов, градоначалникот на Дојран на својот фејсбук профил објави слика од поранешното одмаралиште, близу Николиќ, дојранско, кое според акцискиот план на Владата на Заев треба да стане прифатен камп за мигранти.

stamov-status640

„Одмаралиштето близу Николиќ, сопственост на Министерството за труд и социјала, согласно Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година и Предлог-нацртот на Национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027, потенцијален дом на околу 500 мигранти. Одмаралиштето е со име ‘Титови пионери’, која иронија“, напиша Стамов.

Владината стратегија за беглаците е неостварлива, невладиниот сектор ќе ги потроши парите од фондовите наменети за имплементација, а земјава ќе остане преплавена со изманипулирани мигранти, реагираше професорката Солза Грчева на комисијата за труд и социјална политика наменета за дискусија по 10-годишната стратегија и акциски план за интеграција на бегалците.

Грчева потенцираше дека делови од стратегијата на Владата има за цел да обезбеди две години бесплатно домување, кредитирање на бизнис, квалификации за работа, формирање на компании во кој ќе работат, па дури и доделување на државјанство. Професорката прашува, како да се проектираат овие европски вредности кога живееме балкански. Нотира дека во стратегијата и во акцискиот план нема колку ќе чини сето тоа по мигрант, колку ќе донира Европската унија. Опасно е кога Владата се претвора во НВО и обратно, заклучува поранешната пратеничка.

Најчитани вести