Битолчанец ја продавал својата сопруга за 1.000 денари

Триесет и тригодишниот К.И. од Битола доби кривична пријава поради сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „посредување во вршење проституција“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.

На 04.06.2015 година во семејниот дом во Битола, при расправија со неговата сопруга, пријавениот физички ја нападнал при што и нанел тешки телесни повреди.

Исто така, во периодот од јануари до јуни 2015. година пријавениот за паричен надомест од 500-1.000 денари посредувал во вршење на проституција на неговата сопруга, а воедно и овозможувал да користи наркотични дроги и психотропни супстанции.