четврток, 24 август 2017  |  Вести денес: 0

Битола со заложбите на Талески е првиот град од земјава кој стана членка на мрежата на креативни градови на УНЕСКО

Последни вести

Зголемениот број на туристи во Битола се должи на големата желба за меѓународна промоција на Битола како на нашата установа така и на општина Битола и градоначалникот Талески кој ги финансираше неколкуте изданија на туристички водичи на повеќе јазици и туристичката веб страна Bitola.info, изјави Ирена Ружин, програмски директор на НУ Завод и музеј Битола.

Во моментот и годините наназад во Битола се случува туристичка и културна преродба како резултат на заложбите на градоначалникот Талески и локалната самоуправа.

Заложбите на Талески овозможија Битола да биде позиционирана на европската туристичка мапа. Со помош на промоцијата финансирана од  Општина Битола  и неколкуте туристички водичи на повеќе јазици за промоција на Битола и нејзиниот културен и туристички потенцијал  како и веб порталот Bitola.info, денес бројот на туристи во Битола е зголемен за 20%.

Талески и локалната самоуправа со посветеност и континуирана работа со НУ Заводот и Музеј Битола постојано вложува во унапредуање на Битола како туристичка дестинација.

Токму една од заложбите на Талески за доближување на Битола до странските туристи е веб порталот Bitola.info која бележи рекордна посетеност со 500-600 посети дневно во зимски период и 3000 посети во летен период.

Битола е град на културата, токму ова градоначалникот Талески и локалната самоуправа го препознаа и промовираа една богата културна понуда во која се опфатени огромен број на културни настани како Битфест, Шекспир фестивалот, Интернационалниот фестивал браќа Манаки, Илинденски денови, Белата ноќ  Локум фест и многу други  кои што во текот на летата во Битола на една огромна отворена сцена привлекуваат голем број на псоетители.

Битола со заложбите на Талески е првиот град од РМ кој стана членка на мрежата на креативни градови на УНЕСКО. Токму Општина Битола е единствена oпштина од Македонија и Балканот прогласена за најпрестижна дестинација на Балканот за културно наследство и фестивалски програми во категоријата дестинации од културата. Признанието на општината ѝ е доделено на Интернационалниот саем за туризам и култура во Лугано, Швајцарија во 2012 година.

Наспроти празните зборови и политичката хајка која деновиве се води против Општина Битола и првиот човек Градоначалникот Владимир Талески, ЈП Пазари од Битола сака да потсети на реалните и со око видливи дела и инвестиции кои во никој случај немаше да се реализираат без поддршката на Градоначалникот Владимир Талески.

– 2014 година –  изградба на нов современ павиљон за продажба на зеленчук и овошје. Инвестиција вредна дванаесет милиони денари во кои Општина Битола на чело со Градоначалникот Талески учествуваше со 8 милиони денари

– 2015 година – реконструкција на реон 4 со површина од 850 м2. Партерно уредување и промена на дотраени тезги со што се изврши поврзување на делот од дуќаните со новиот павиљон за продажба на зеленчук и овошје

– 2016 година – изградба на шест нови павиљони и партерно уредување на површина од 1000 м2. Проект кој е во тек и се изведува во соработка со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, а истиот благодарение на Градоначалникот Талески е доделен токму на ЈП Пазари во конкуренција со останатите општини во Пелагонија

– Во наредната 2017 година повторно со помош од Општина Битола на чело со Градоначалникот Владимир Талески ќе се изврши реконструкција на реон број 2 или попознат како реон за продажба на бижутерија, а се наоѓа пред управната зграда.

Преку овие инвестиции Битола веќе  го има добиено приматот на град со најдобар пазар во Република Македонија, а ќе повторам истото тоа не би било без поддршката на Градоначалникот Владимир Талески. Затоа во оваа прилика ние како ЈП Пазари и јас како Директор на оваа институција сакаме  јавно да изразиме поддршка за Градоначалникот Талески, како што тој ни ја дава токму нас и на граѓаните на Општина Битола сите овие изминати единаесет години.

Најчитани вести