Битолчанец со тешки телесни повреди најден на спортско игралиште

Тешко повреден битолчанец бил најден на спортското игралиште во ОУ„Коле Канински“-Битола.

Како што информира МВР, вчера во СВР-Битола, од Итната Медицинска Помош – Битола било пријавено дека на спортското игралиште во ОУ„Коле Канински“-Битола, на асфалтната подлога бил пронајден А.М.(34) од Битола.

Мажот бил најден со повреди во пределот на главата, а потоа бил пренесен во Клиничката болница-Битола каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.