Битолчанец во кома откако бил прегазен од автомобил

Битолчанец во кома откако бил прегазен од автомобил. Вчера во 21.50 часот во Битола на крстосницата од ул. „Македонски Гемиџии“ и ул. „Даме Груев“, се случила сообраќајна незгода во која возило „Фолксваген Поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М. (55) од Битола, удрило во пешакот Љ.М. (55) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Љ.М., на кој му е укажана лекарска помош во Клиничката Болница  во Битола и истиот е во кома.

Увид извршила екипа од ПС за БПС-Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.