Битолчанец загина во пожар во сопствената куќа

пожарот

Пожарот го зафатил третиот кат од куќата, сопственост на Н.Т. на улицата „21-ва“. При гаснењето на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пронајдено опожареното човечко тело.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден кога ќе ги утврдат причините за пожарот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.