Битолчани нападнале и ограбиле грчки државјанин

Битолчани нападнале и ограбиле грчки државјанин. Против С.Т.(20) и А.Ф.(24)  е поднесена кривична пријава.

Двајцата битолчани, во вторникот извршиле разбојништво врз  К.В.(49) од Република Грција.

Тие со употреба на сила најпрво го собориле на земја, му ја затвориле устата и упатувајќи му закана, и од џебот му извадиле два мобилни телефони и два паричници по што го напуштиле местото на настанот.