Битолчанка го преплива Охридското езеро

Битолчанката Софија Бејковска Чачоровска, вчера сама рекреативно го преплива Охридското Езеро. Во целосен мрак таа синоќа пристигна на целта во Охрид.

Оваа 29 годишна професорка по латински јазик патеката од Св. Наум до Охрид во должина од околу 30 километри, ја исплива за десет и пол часа.

3

Маратонот таа го започна рано утрото, а на целта пристигна доцна вечерта бодрена од нејзиниот сопруг, таткото и тренерот кои ја придружуваа цело време. Во текот на пливањето Софија имала кризи, а најголемата се случила на десеттина километри до целта.

На овој подвиг Софија се решила за да го сврти вниманието на јавноста во Битола кон потребата од изградба на затворен пливачки базен.

Збунета сум сега. Болката во мускулите е голема, но радоста е уште поголема. Желба ми беше уште како дете да го препливам Охридското Езеро, чисто за да кажам дека во Битола ни треба затворен базен за да можеме некогаш да оствариме добри резултати, изјави Софија Бејковска Чачоровска, пренесува ОхридЊуз.