Битолчанец олеснет за 18.000 евра и златен накит

Крадец успеал да украде сеф од куќа во Битола, во кој што имало пари и разновиден накит, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Кражбата се случила во куќата на 57-годишниот Б.Н. на улицата Страшо Пинџур. Крадецот успеал да ја скрши влезната врата од куќата и да го пронајде малиот метален сеф во кој што имало 18.000 евра и разновиден златен накит.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.