Македонија,Крими хроника

Битолчанец олеснет за 250.000 денари

Битолчанец олеснет за 250.000 денари

Тешка кражба во куќата на четириесет и деветгодишниот Т.П. од Битола.

Непознат сторител го скршил цилиндарот од влезната врата и откако не успеал да ја отвори се упатил кон визбата, влегол во куќата и по извршено пребарување одзел разновиден златен накит, 25 златници, 1.350 евра и 2.000 денари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 250.000 денари.