Битолчанец олеснет за над милион денари

Тешка кражба се случила вчера во куќата на Н.Т. (32) од Битола.

Од куќата биле одземени 650.000 денари, 10.640 евра, 300 американски долари и 15 машки рачни часовници.

Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.300.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.