Битолчанец почина откако избил пожар во неговиот дом

Осумдесет и четиригодишен старец од Горно Оризари, Битола, вчера бил пронајден мртов откако во неговата куќа избил пожар.

Пожарот настанал од импровизирана печка на дрва, а во него опожарена е дневната просторија. Новица е пронајден починат во собата.