Битолчанец се обидел да убие двајца сограѓани

Битолчанец доби кривична пријава за сторено дело „убиство во обид“.

Триесет и едногодишниот битолчанец на улицата „Солунска“ се обидел да ги убие лицата А.И.(37) и Ј.И.(38) двајцата од Битола, им нанел убоди со нож во пределот на стомакот нанесувајќи им тешки телесни повреди и доведувајќи им го животот во опасност.

Од страна на судија по предходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.