Битолчани фатени со големи залихи на петарди

Двајца битолчани на големо се подготвувале за престојните празници, па дома имале цел арсенал петарди.

Според информациите од  Министерството за внатрешни работи, во неделата, во рамки на контролите кои полицијата редовно ги спроведува на територијата на Македонија направени се претреси во кои се запленети поголеми количества петарди.

Битолската полиција ивршила претрес во домовите на 35-годишниот О.А. и 64-годишниот Н.Д.

Кај О.А. пронашла и запленила 1.515 петарди, додека кај Н.Д. 2.008 петарди, кои најверојатно биле наменети за продажба за престојните празници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.