Битолчани нашле дебитна картичка и пазареле со неа

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Н.(29) за сторено кривично дело „кражба“ и З.К.(40) за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во ноември минатата година, првопријавената од банкомат на Банка во Битола пронашла и противправно присвoила дебитна картичка сопственост на лице од Битола, потоа заедно со второпријавениот ја искористиле дебитната картичка при купување на облека преку веб страна предизвикувајќи материјална штета од околу 31.900 денари.