Битолчани претепале сограѓанин, па го освестувале во када со ладна вода

Тројца насилни битолчани претепале сограѓанин, па потоа се обиделе да го освестат ставајќи го во када со ладна вода.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу три часот по полноќ 34-годишниот Д.О. од Битола  бил повикан од Б.Н, Л.Н и М.С., сите од Битола на улицата Сремска Митровица со цел да поразговараат.

По кратко време физички го нападнале нанесувајќи му повреди по главата и телото, по што паднал во бесознание. Потоа го ставиле во када со ладна вода, но откако виделе дека не помага, со автомобил „Рено Лагуна“ го однеле во село Загорани-Прилеп, во куќата на еден од напаѓачите, каде го оставиле.

Д.О. успеал да избега, по што бил пронајден од месното население и бил однесен во МЦ-Прилеп, каде е задржан на лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.