Битолчани претепале сопружници и им ја демолирале куќата

Кривична пријава е поднесена против битолчаните И.В.(45) и К.В.(24) кои физички нападнале брачен пар.

Тие со фрлање на стаклени шишиња, камења и тули ги скршиле прозорците и вратите од куќата на Р.С.(45), а потоа физички ги нападнале него и неговата сопруга С.С. нанесувајќи им телесни повреди по главата и телото.

На пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена.