Битoлчани шверцувале во „ауди“ украдено во Солун

СВР-Битола поднесе кривична пријава против К.Д.(38) и С.Т.(39) двајцата од Битола поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење“.

Во јули годинава добиено е сознание од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР Скопје, а врз основа на известување од Интерпол – Атина дека на улицата “Кланица“се наоѓа возило “ауди а-5“ кое е украдено во Солун. Пријавените со цел да ја избегнат царинската контрола, пренеле непријавена стока откако претходно со тешка кражба во Солун го набавиле и на илегален премин го пренеле возилото.

Со тоа пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 18 000 ден.