Битолчанка преку измама се стекнала со 3.000 евра

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.М.(65) од село Суводол, битолско поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 28. ноември минатата година во Битола на шалтер во банка прикажувајќи полномошно од девизна книшка на својата почината сестра за која не била единствен законски наследник го довела шалтерскиот работник во заблуда и подигнала 3.000 евра.