Битолчанка украла 300 илјади денари од старицата за која се „грижела“

Дваесет и шестгодишна битолчанка крадела од немоќна старица за која наводно се гржела и кај која била вработена.

Пријавената М.К. од плакарот на осумдесет и двегодишната старица одзела 6.700 американски долари и 2.000 австралиски. долари, со што и предизвикала материјална штета од околу 300.000 денари.