Битолскиот градоначалник ќе му помогне на музичкото училиште

Со децентрализацијата основните и средните училишта во Битола не биле во доменот на локалната самоуправа, само во еден дел на одржувањето, но средното музичко училиште е државно училиште и не било во надлежност на општината, изјави денеска градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Без разлика на законската регулатива, тоа училиште е во Битола и како што вели градоначалникот му било жал што такви биле условите и тој досега незнал дека се наоѓа во таква состојба училиштето.

Градоначалникот остварил средба со директорот и се договориле онаму каде што може да се интервенира за да се подобри состојбата.Талески наскоро ги најави фазите како ќе го помагаат училиштето.